13-та седница на кавадаречкиот совет
01-03-2014 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци денеска во рамки на 13-та редовна седница работеше по 32 точки на денвниот ред. Ги донесе програмите за работа на советот и за јавна чистота за тековната година. Исто така беше донесена и одлука за комунален ред и мерки кои ќе се спроведуваат на подрачјето на општината, а со истата се уредуваат односите и начинот на вршење на комуналните дејности меѓу давателите и корисниците на комунални услуги.. Прифатени се и и измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште и измените и дополнувањата на прогрмата за поставување на урбана опрема.

Советот ги усвои и предложените програми за управување со отпад, измените на програмата за изработка на уртбанистички планови. Се  усвоија и решенија за разрешување и именување на претставници на општината во управните одбори на институции кои се под надлежност на локалната самоуправа. Се разгледуваше и информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за првото полугодие од минатата година, изготвена од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци. Во неа се наведува оценка дека состојбата во извештајниот период била стабилна и добра. Во однос на истиот период на 2012 година кај криминалитетот се бележи  намалување на вкупниот број регистрирани кривични дела и тоа за 12%, зголемен број на прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот. Занчително намалување имало кај прекршоците од јкавен ред и мир.

Беа донесени и неколку одлуки за трансфер на финансиски средства  за бесплатниот превоз на граѓаните, за канцеларија на пратеник, за подршка на Здружението Полски чувари и за подршка на невладини организации. Опозицијата гласаше против одобрување на нови средства за здружението полски чувари. Според советникот Горан Белевски истото требало да се финансира со пари од државниот, а не од општинскиот буџет.

На денешната седница се донесе правилник за начинот, постапката и критериумите за финансирање  на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци. Воздржано гласаа советниците од опозицијата и по предлог одлуката за учество на општина Кавадарци при аплицирањето по проект „Изградба на дел од главен колектор за отпадни води, за град Кавадарци до пречистителна станица.

Советот ги усвои и програмите за работа на општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и за активностит на општината во делот на комуникација со јавноста за 2014 година.

 А.Д



Share

Додади коментар