13 нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата - еден починат
22-12-2020 РЕГИОН

Помал број на тестирања за време на викендот и помалку нови позитивни на ковид 19, покажуваат податоците од Центарот за јавно здравје Кавадарци за изминатото деноноќие. 

 

Во Тиквешијата дијагностицирани се вкупно 13 нови случаи. 

 

„Седум нови има во Кавадарци, пет во Росоман и еден во Неготино. На возраст с е од 13 до 77 години. Едно лице на 74 годишна возраст од Неготино е починато“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Помал е бројот и на пациенти кои се хоспитализирани во кавадаречката болница на ковид одделот. Во вчерашниот ден вкупно беа 39 пациенти. Слободни се 21 болнички кревет.

 

А.Д



Share

Додади коментар