13 деца од градинка и воспитувачки во изолација
03-12-2020 РЕГИОН
Една воспитувачка од кавадаречка градинка е меѓу 44 позитивни на корона вирус во Тиквешкиот регион, информираа од ЦЈЗ Кавадарци. Во изолација се ставени 13 деца, по една воспитувачка и негувателка.
Во Кавадарци се дијагностицирани 24 позитивни, 10 во Неготино и 10 во Демир Капија.
„Новите позитивни се на возраст од 13 до 78 години“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 42 пациенти, слободни се уште 18 болнички кревети.
А.Д

Додади коментар