13 винарии останаа без лиценци за работа
09-07-2014 РЕГИОН

Поради неисплатено грозје 13 винарски визби во земјава останаа без лиценци за работа. Тие го пропуштија законскиот рок за исплата на грозјето купено минатата година. Требаше на лозарите да им платат до крајот на април, го прекршија законот и сега се избришани од регистарот на винарии.

Шест винарии не го доисплатиле ланското грозје. Од нив четири се поголеми откупувачи. Седум винарии не доставиле навреме извештаи до институциите, а една винарска визба заработи кривична пријава бидејќи досатавила лажен финансиски извештај.  Ова го покажуваат информациите од Државниот инспекторат за земјоделство кој најави доследно почитување на законските прописи.

По одземањето на лиценците се поставува прашањето како ќе помине годинава пласманот на винско грозје во земјава, пред се во најголемиот лозарски регион. Визбите кои ги загубија лиценците од парите што ќе ги добиваат од продажба на виното треба да ги наменат за доисплата на долгот кон лозарите со пресметана камата. Имаат обврска да и платат и казна на државата во износ од 10 проценти од долгот.

Лозарите коментираат дека проблемите се повторуваат и оваа година. Покрај неплатеното грозје од визбите годинава мака мачат да го заштитат родот од болести кои веќе го прпеоловија родот.

Ангел Данов



Share

Додади коментар