123 години од формирањето на првиот комитет на ТМОРО во Македонија, после Солунскиот
15-07-2017 РЕГИОН

Делегации од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци и унијата на ветерани денеска положија цвеќе пред спомен плочата во центарот на Кавадарци која сведочи за формирањето на првиот комитет, после Солунскиот, на Тајната македонска револуционерна организација – ТМОРО пред 123 години.

 

Огранокот на организацијата бил формиран од Дамјан Груев. За овој настан кој се случил во Кавадарци пред 123 години, говореше кустос-историчаркатаМарија Михова.

 

- Груев дошол во Кавадарци и ги побарал неговите познаници со кои се знаел уште од Солунската гимназија, Иванче Минчев и Јанаќи Ќуркчиев. Разговарале неколку часа во кафеаната на Пано Мангаров,  се интересирал за многу работи. Прашал дали можат да му посочат луѓе со кои може да разговара за црковно училишните работи, бидејќи тој во тоа време бил училишен инспектор. Тие му ги посочиле Пане Иванов како главен учител и Јованче Велков, трговец со тиквешки вина, претстедател на црковно училишната општина. Отишле во куќата на Пане Иванов, разговарале неколку часа. Груев се интересирал за многу работи, покрај другото и за положбата на населението, раскажа Камчевски, кој е директор на Кавадаречкиот музеј.

 

Од страна на Иванов, Груев бил информиран дека особено била тешка положбата на населението кое живеело во селата, бидејќи било немилосрдно експлоатирано од страна на агите, беговите и падарите. Тогаш Груев станал и им се обратил со зборовите: Другари, да не седиме со скрстени раце и да гледаме како се коваат нови пранги за нас. Ние во Солун размисливме и формиравме организација чија основна цел е извојување политичка слобода по пат на револуција”. Потоа, рече Камчевски, ги прашал дали сакаат да станат членови на една таква организација. Сите се согласиле и положиле заклетва. Со тоа формално правно бил формиран првиот комитет на Организацијата во Македонија, по Солунскиот.

А.Д



Додади коментар