Со свечена акдемија во присуство на потомците на Јованче Велков Иванче Минчев и Јанаќи Илиев Ќуркчиев меѓу кои и Пане Иванов првите членови на Тајната македоно -одринска револуционерна организација од Кавадарци денеска во Кавадарци беше одбележана 120 годишнината од формирањето на Општинскиот комитет на ТМОРО веднаш по солунскиот на 15. Јули 1894 година. На денешен ден точно пред 120 години Даме Груев во куќата на Пане Иванов се среќава со своите соученици од солунската машка гимназија .
Откако се уверил дека има работа со одани и проверени луѓе отворено има рекол на своите соговорници- „Да не стоиме повеќе со скрстени раце и гледаме како се коваат пранги за нас, и да не биде доцна, ние во Солун размисливме и формиравме Организација чија основна цел е извојување на политичка слобода по пат на револуција“. Неговитев школски дреугари Иванче, Јанаќи, Пане и Јованчеведнаш се зачленуваат и со тој чин и формално е потврдено формирањето на Организацијата на ТМОРО во Кавадарци.Познатиот македонски историчар д-р Душан Христов Константинов во својата докторска дисертација за животот и делото на Даме Груев ќе напише дека со овој настан Кавадарци го добива примат за прв град каде по Солун е формирна Општински комитет на ТМОРО бидејќи сите останати се подоцна. Одбелеѓувањето на овој значаен јубилеј започна со полагање на цвеќе пред спомен плочата , продолжи со свечена академија на која со драматизацијата „Заорок“ во изведба на кавадаречки млади артисти присутните се потсетија на 15. Јули и денот на формирањето на општинскиот комитет на ТМОРО во Кавадарци. За историските факти од пред 120 години потсети Петре Камчевски директор на Музеј-галерија Кавдарци кој меѓу другото подвлечи дека една од основните задачи на организацијата е нејзино брзо ширење по селата во Тиквешијата , како и нејзино омасовување
. За понатамошниот развој на организацијата многу значајна улога имало таканареченото Ресенско советубање во август 1894 година на кое присуствувал и претседателот на ТМОРО за Кавадарци Пане Иванов. Прибирање на оружје, муниција, и воен материјал било една од значајните активности. Преку пограничните пунктови и разгранетата курирска мрежа до сите околиски комитети биле испраќани весниците „На оружје“, „Востаник“, „Борец“ и други и за кратко време организацијата во Кавадарци станала една од најактивните во Македонија. Во нејзините редови пристапиле и познати револуционери кои во тоа време работеле во Кавадарци како учители како Сава Михајлов, ЃорЃи Поп Христов, Никола Харлев, Неделко Д`мчев и други. Честото присуство на членовите на Централниот комитет во Кавадарци, нивните совети, предлози и сугестии, успеале да всадат кај членството уште поголем оган, револуционерна сила и елан. Делегатите на кавадаречкиот револуционерен комитет активно учествувале на скоро сите регионални и општи конгреси на ТМОРО, а со своите дискусии и залагања за победа на револуционерната струја на ОРганизацијата, противејќи се на сите поделби, фракции и појави на деструкција.
На свечената академија свое обраќање имаше и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов по што следеше музичкиот дел во кој настапија Пешо Бошков, Стевчо Волчев и Горан Јанев наставници во кавадаречкото музичко училиште.
Мирјана Мукаетова

Додади коментар