Десетмина во Кавадарци и двајца во Росоман на возраст од шест до 77 години се позитивни на Ковид 19, покажуваат податоците од Центарот за јавно здравје. Споредено со вчерашниот рекорден број од 54 позитивни, ова е значително помалку.
“Меѓу позитивните има и првоодделенец во кавадаречко основно училиште. Во изолација се 13 ученици и тројца наставници. Меѓу учениците кои се во изолација засега ниеден не е со симптоми. Ги превземавме сите потребни мерки за дезинфекција во училиштето“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Две лица на возраст од 51 и 53 години се хоспитализирани, едното во Скопје, другото во Ковид центарот во Кавадарци, каде во моментов се хоспитализирани 10 лица и има слободни 4 болнички кревети.
А.Д
Додади коментар