11 нови ковид позитивни во Кавадарци, корона вирус дијагностициран и кај 1 годишно дете
27-10-2020 РЕГИОН

Од една до 61 година е возраста на позитивните на ковид 19 дијагностицирани во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

„Во последните 24 часа вирусот е дијагностициран кај 11 лица во Кавадарци. Од нив шест се жени и пет мажи. Еден од новите позитивни на возраст од 38 години е хоспитализиран во приватна клиника во Скопје. Едногодишното дете не посетувало градинка. Работиме на утврдување на контактите“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

 Од денеска е зголемен бројот на термини за тестирање, но и покрај тоа термините брзо се потполнуваат.

А.Д



Share

Додади коментар