Единаесет дена во континуитет, кавадарчани дишат загаден воздух покажуваат резултатите од мерната станица на министерството за животна средина и просторно планирање.
И денеска претпладне честичките во воздухот со големина помала од 10 микрометри, кои се лесни за вдишување беа над максимално дозволените граници од 50 микрограми на метар кубен. Мерењата покажуваа 247 микрограми, а над 400 микрограми беа измерени во изминатите денови.
Надлежните апелираат најранливата популација, деца, стари лица, хронично болни да имаат ограничени движења и активности на отворен простор.
Во случај на надминување на прагот за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (5 последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3) се препорачува да се користи јавниот превоз, а без поголема потреба да не се користат сопствените автомобили, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
А.Д
Додади коментар