1050 лица вработени во Дрекслермаер за една година
19-09-2013 РЕГИОН

 

Странските инвестиции почнаа да ги даваат посакуваните благодети поради што и се намалува бројот на невработени, рече денеска во Кавадарци, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и нагласи дека во овој град за една година само во новата германска фабрика Дрекслермаер биле вработени 1050 лица.

Поповски и пред кавадаречките стопанственици ги претстави активните мерки и програми за вработување кои им ги нуди државата на работодавачите, а тие пак искажаа задоволство од тоа што е на располагање и рекоа дека веќе многу од нив ги користеле поволностите.

„Една од придобивките на новите инвестиции е да го растеретат пазарот на трудот и да можат луѓето да бираат работа. Не им се допаѓа едно, да одат на друго работно место и да го работат тоа што сакат да го работат и да го дадат својот максиум при работењето . локалната самоуправа во моментов работи на ажурирање на податоците во делот на слободни хали и слободно градежно земјиште за да бидат преотстапени на нови потенцијални инвеститори.  Има компании кои имаат празни хали и  кои им стојат неупотребени, а тие не знаат каде да ги пласираат. Заинтересираниот инвеститрор го упатуваме лично кај сопственикот да се договорат“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар