Кавадарци и Тиквешијата денеска одбележуваат 100 години од Тиквешкото востание кое се случило во 1913. Тогаш српските војници убивале, силувале, рушеле и палеле домови на тиквешани. За да не се распипат односите со Србите со кои живеевме во заедница ова востание со години е сокривано од јавноста, велат историчарите во Македонија.
Денеска во чест на жртвите беше откриен меморијален споменик во паркот Полана, а синоќа се одржа свечена академија. Отворено се проговори за теророт кој го доживеал македонскиот народ од страна на српската војска, а беше претставено и дополнетото издание на “Зборникот за Тиквешкото востание 1913“.
Историчарите раскажуваат дека по серијата насилства убијства, инциденти и терор врз населението од Српската војска, тиквешани биле принудени да се кренат на вооружен бунт. Имено пред 100 години во виорот меѓу двете балкански војни на територијата на Тиквешијата биле стациоирани војските на Бугарија од левата страна на Вардар и на Србија од десната страна. На 19 јуни 1913 од Кавадарци се протерани српските чиновници и жандарми кои се повлекуваат во Велес, утредента е ослободено неготино, како и 52 села од тиквешијата и неколку во прилепско. Овој револт го користат бугарските сили кои до револуционерите во Кавадарци праќаат свој емисар да им вети наводна помош со зборовите „Вие кренете се на бунт, а зад вас стојат 10 000 пушки“. Но таа лажна помош никогаш и не пристигнал, а Тиквешани биле оставени сами на себе. Ова го потврдува и современата македонска историјографија којаспоред сознанијата и историските факти на востанието му припишува чисто македонски карактер. Слободата траела само 7 дена, по што востанието е крваво загушено.
„Денеска со откривањето на овој меморијален споменик на жртвите од тиквешкото востание се дава почит кон сите што го дале својот живот, но во истовреме претставува и историска и научна валоризација на овој значаен настан од историјата на тиквешијата, бидејќи овој настан беше долго премолчуван за да не се замериме со „браќата Срби“во заедничката тогашна Југославија. Архивската документација како и спомените на самите ученсици во востанието говорат за еден значаен крвав настан кој сеодиграл овде во тиквешијата во јуни 1913 година. За само 7 дена биле ослободени Кавадарци, Неготино и 50 села. За овие седум дена била извршен голем масакр од српските воени единици против голоракиот тиквешки народ , каде се загинати од 550 регистрирани тиквешанио с о име и презиме па до 1000 души“ рече директорот на Историскиот архив на Република Македонија Зоран Тодоровкси.
Дека од секогаш Кавадарци било посебно и дека од секогаш кај кавадарчани преовладувал слободарскиот дух, според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, укажувале ваквите крвави настани кои се случувале низ историјата.
„ Секогаш кога или нашите “сојузници“ или “добронамерни комшии“ или пак Европа ни дава сугестии на сметка на македонскиот народ, самобитноста и иднетитетот не треба да ги прифаќаме , бидејќи знаеме дека секогаш зад тоа се крие голема лага на штета на македонскиот народ. Така било и во 1903, 19813, 1943“ рече Панов.
„Населението било предводено од старите војводи на ВМРО и го ослободило крајот од српската власт. Тоа се војводите од илинденскиот период. Дончо Лазаров, Мишо Шкартов и Диме Пинџуров, татко на Страшо Пинџур. За седумте дена биле избрани градска управа и извршна власт. На востанието му претходеле убиство на еден младинец и силување на млада невеста од страна на српски офицер. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. При задушувањето на востанието српската војска запалила над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор околу Kриволак, колела луѓе, а во фурни ги горела децата “ рече Петре Kамчевски историчар и директор на Музеј Галерија Кавадарци.
Ангел Данов
Додади коментар