100 години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур
05-03-2015 РЕГИОН

Денеска  се навршија  сто години од раѓањето на македонскиот народен херој Страшо Пинџур, кој целиот свој живот го посветува на револуционерната организација со цел да го поттикне, организира и поведе македонскиот народ за ослободување на Македонија.

По повод, Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци, Музеј галеријата на град Кавадарци, Сојуз на борци,  и ООМБУ „Лазо Мицев - Рале“ организираа низа на настани со кои на достоинсвет начин беше одбележана стогодишнината од раѓањето на големиот македонски херој.

 

Делегации положија  свежо свеќе  пред Спомен бистата на Страшо Пинџур во Спомен куќата во село Ваташа. Потоа  во големата сала при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ се одржа  Свечената академија по повод 100 години од раѓањето на Страшо Пинџур.

А.Д

 



Share

Додади коментар