Во насока на ублажување и решавање на проблемот со водоснабдувањето во општина Неготино вчера попладне заседаваше советот на општината. Советниците ја одржаа десетата вонредна седница и едногласно без дискуии беа донесени одлуки за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација за изградба на резервоари за вода во селата Пепелиште и Тимјаник.
Советниците донесоа и решение за доделување на финансиска помош за подршка на активностите во областа на спортот на ракометниот клуб Вардар од Неготино во износ од 30.000 денари.
Претседателот на советот на општина Неготино, Јордан Паунов рече дека оправданоста за вонредна седница е поради потребата од итно донесување на урбанистичко планска документација.
Советникот Тони Делков забележа дека досега советот има одржано 10 вонредни, а само 6 редовни седници. Спорд него вчерашната седница наместо вонредна, можело да биде редовна седница бидејќи за месец септември советот немал одржано редновна седница.
А.Д
Додади коментар