Продолжува да расте бројот на нови позитивни на корона вирус во Кавадарци. Денеска се дијагностицирани десет нови случаи, потврдија од Центарот за јавно здравје. Новите позитивни се на возраст од 9 до 69 години.
„Има еден нов позитивен случај и во Неготино. Лицето е на 69 годишна возраст хоспитализирано во болница и поради други заболувања. Работиме на утврдување на контактите. Дел од новите позитивни биле во контакт со веќе заболени“ рече епидемиологот д-р Ристе Јовановски.
Апелот до сите граѓани е да ги почитуваат целосно мерките за заштита. Да се носат маски во затворен простор и кога не може да се одржува дистанца и да се избегнуваат собири со повеќе луѓе.
Во Кавадарци од почетокот на пандемијата позитивни се вкупно 143 лица, а во моментов активни се 107 случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје во Кавадарци регистрира четири оздравени пациенти кај кои се направени два контролни теста и истите се негативни.
А.Д
Додади коментар