10 години од загинувањето на претседателот Трајковски

Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска се  одбележаа  десет години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

 

Претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар.

 

Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

 



Share

Додади коментар