10 години Меѓународен Славјански Универзитет-дипломи за четвртата генерација дипломци
25-05-2014 РЕГИОН

10 години успешна работа, раст и развој  денеска одбележа Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. Оваа приватната акредитирана високообразовна установа  започна со работа во 2004 година во Св. Николе, под називот Меѓународен Славјански Институт. Денес функционира како Корпоративен Меѓународен Славјански Универзитет под заедничкото лого со Тамбовскиот универзитет, руски државен универзитет од градот Тамбов, Русија.

Сопственикот на оваа образовна установа Јордан Ѓорчев,  искажа задоволство од тоа како расте и се развива овој универзитет. Нагласи дека секоја година стекнуваат се поголемо внимание кај младите и стануваат препознатлива виосокообрзовна установа.

„Започнавме 2004 година како вонредно и дописно студирање. Навистина започнавме скромно, меѓутоа постепено Меѓународниот Славјански универзитет создаде свој бренед преку името Гаврило Романович Державин, преку нашиот заеднички бренд со Тамбовскиот државен универзитет. Тој бренд не краси и нас и нив. Ние со гордост го носиме името на познатиот руски поет Гаврило Романович Державин. После извесно време тој бренд ќе биде препознатлив не само во Македонија туку и во регионот. Ние работиме и општествено одоворни проекти и по тоа стануваме препознатливо во РМ. Исто така се издвојуваме и по  студиски програми на факултетот за информатика и единствениот факултет во Македонија,  Факултетот за безбедносно инженерство со двете свои насоки. Тој факулет работи веќе трета година и мислам дека ќе излезат квалитетни експерти кои ќе бидат значајни за Република Македонија“ рече Ѓорчев.

Најпрвин со работа започнува  Факултетот за економика и организација на претприемништвото со насока Менаџмент на организација, а подоцна со работа започнува  и Факултетот за психологија со насока Општа психологија. Од 2006-тата година започнува да работи и дисперзираното одделение во Битола. Институцијата стратегиски се развива преку зголемување на бројот на факултетите и насоките, од организирање на додипломски, премина на организирање и на последипломски студии.

По повод 10 годишнината од работењето на универзитетот се одржа свеченост на која беа доделени дипломи на студентите кои годинава  го завршија своето високо образование во оваа установа. Ректорот на униврзитетот проф д-р Душан Николовски во своето обраќање нагласи дека Универзитетот своите цели ги реализира преку факултетите економика и организација на претприемништво,  информатика - компјутерски  мрежи и системи, софтверски технологии,  псохологија – општа,  безбедносно инженерство - безбедност при работа и безбедност од пожар  и два института, институт за инженерска економија и институт за култура и уметност. Во рамките на универзитетот организирани се студии од втор циклус, како  специјалистички студии, а наскоро ќе се организира и трет циклус - докторски студии.

 

Михаил Лушин аташе за култура во Руската амбасада рече дека сопственикот на универзитетот Јордан Ѓорчев направил голема работа,  бидејќи во основањето на универзитетот започнал од нула.

„Мислам дека ќе има уште поголем напредок,  бидејќи за тоа има простор. Посакувам да бидат успешни. Ова е еден успешен пример од соработката во сферата на образованието меѓу Русија и Македонија“ рече Лушин.

На денешната свеченост најрадосни беа студентите кои го звршија високото образование и се здобија со дипломи од овој меѓународен универзитет. Дипломите им ги врачија деканите на факултетите и им посакаа што поскоро да започнат со вториот циклус и да магистрираат.  Меѓу студентите кои се образуват овде се и естрадните уметници Александар Белов, Влатко Лозановски, Дарко Илиевски и Димитар Андоновски кои беа задожени за забавниот дел на денешната свеченост по повод 10 годишнината од основањето на Меѓународниот славјански универзитет.

Ангел Данов



Share

Додади коментар