10 години гранична полиција
29-05-2014 РЕГИОН

Министерството за внатрешни работи денеска одбележана 10 години од формирањето на граничната полиција. На стадионот на спортскиот центар „ЈАсмин“ беше презентирана опремата и возилата кои ги користи полицијата, а вистинска атракција за најмладите беше полицискиот хелихоптер кој слета на стадионот.

Заштитните штитови, шлемови и панцири на припадниците на единицата за брзо распоредување, изложени на отворениот ден на полицијата во Кавадарци исто така го привлекоа вниманитето на учениците и децата од градинка.

„Со формирањето на регионалниот центар ЈУГ , пред десет години, МВР симболично  ја превзема граничната контрола од Министерството за одбрана. ВО овие 10 години граничната полиција значително напредуваше и достигна степен на една модерна современа  европска полиција која работи по највисоките стандарди, со високо софистицирана опрема. Во овие 10 години 132 милиони патници ги поминаа границите на РМ. Граничната полиција учествуваше во откривање на над 17 илјади илеглани мигранти. Нашата  бројност денес е нешто над 1700 припадници на граничната полиција. Со секој поминат ден ги подигнуваме стандардите во работењето инвестираме во опремата и најважно од се инвестираме во поедниечниот капацитет на припадниците на МВР кои се задолжени за оваа и тоа како сложена работна задача“ рече министерката за внатрешни работи , Гордана Јанкуловска

Ангел Данов



Share

Додади коментар