СДСМ: Ќе водиме 100% безбедна кампања
20-06-2020 РЕГИОН

На денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци беа соопштени детали за тоа каква кампања ќе се спроведува за предвремените парламентарни избори. Се најави дека целосно ќе се почитуваат здравствените протоколи. 

 

(интегрален текст )  Главен приоритет на СДСМ се граѓаните и нивната благосостојба.

Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот ве уверувам дека ќе одржиме 100% безбедна безбедна кампања и безбедно гласање на 15 јули.

Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери.

Другата група активности опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци , информативни штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор.

Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.

 

Протоколите, кои целосно ќе ги почитуваме предвидуваат дека:

 2. Сите присутни мора редовно да ги мијат рацете или да вршат дезинфекција, која ќе ја обезбеди организаторот.

Заради заштита на населението од коронавирус ќе водиме кампања:

 - БЕЗ настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика;

-  БЕЗ настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика;

-  БЕЗ митинзи;

-  БЕЗ активности од „врата до врата;

Ве повикувам сите да бидеме дел од решението со коронавирусот и дисциплинирано и одговорно да ги почитуваме мерките за заштита.

Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победимe.

Ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени.

Затоа што знаеме како, затоа што можеме.



Share

Додади коментар