Обезбедени средства за реновирање на дел од училишната зграда на ООУ„Гоце Делчев“ Неготино
24-07-2019 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Петар Мантев и Небојша Мојсовски-раководител во УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието го потпишаа договорот со кој обезбедени средства за реновирање на дел од училишната зграда на ова неготинско основно училиште.

 

Имено, по распишаниот конкурс од страна на МЦГО-Македонски центар за граѓанско образование апликација за добивање средства поднесле 190 училишта од цела држава, а ООУ„Гоце Делчев“ е едно од 12-те училишта чија апликација е прифатена и се оебзбедени финансиски средства за реализацијата на проектот.

 

Согласно потпишаниот договор, со проектот ќе се реновира влезот на централната зграда и стаклениот дел од влезот. Тендерот за изведувач на работите го распишува МЦГО, а се очекува градежните работи да стартуваат на 15-ти и да завршат до 20-ти август, пред почетокот на новата учебна година.

 

Во училиштето во село Долни Дисан кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“, деновите од летниот распуст кога не се одвива настава се користат за непречено одвивање на повеќе градежни активности.

 

За прв пат, со донација од амбасадата на Јапонија, во сите простории на училиштето се поставува парно греење, со што пак, од употреба ќе бидат исфрлени помошните грејни тела кои досега се користеа за затоплување на просториите.

 

Паралелно, училишниот двор се поплочува со бекатон коцки, а исто така се поплочуваат и влезните скали на училиштето. Постоечката и дотраена метална ограда се заменува со нова, а се гради и потпорен sид за нивелација на теренот.

 



Share

Додади коментар