ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.
Ваквата одлука ќе важи од вчера до 30 септември годинава, а е донесена, како што соопшти претпријатието, за да им се излезе во пресрет на граѓаните, особено на ранливите категории.Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133,60 денари за кубен метар, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015,03 денари.
Овие цени важат за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“. Располагаме со доволни количини дрвна маса во складовите низ државата за претстојната грејна сезона. Сите заинтересирани граѓани што сакаат да купат буково огревно дрво од стовариштата на ЈП „Македонски шуми“ веќе од денеска може да го сторат тоа, по нова, намалена цена, информираат од „Македонски шуми“.

Додади коментар