Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци вчера ја започна својата кампања ,, Да не ги заборавиме рацете што не одгледале '', притоа одбележувајќи го Меѓународниот ден на стари лица со посета на штитениците на Домот за нега на стари лица Жана Неготино.
„Поминавме прекрасно попладне со шармантните дами и господа од Домот во прекрасен амбиент надополнет со насмевки, топли разговори, но и со песна . На крај со многу емоции се разделивме со нив. Заминавме од таму побогати со едно искуство и заклучок дека ова што го живееме денес им го должиме ним, но честопати го забораваме тоа. Убаво е, со повод или без, да се потсетиме на нивниот влог во денешницата, на искуството кое ни го оставиле, но и што е најважно, да се заблагодариме и да им ја пренесеме пораката на најмладите, зашто и ние еден ден ќе остариме“ рече претседателската на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Анита Гинова-Каракутова.
Додади коментар