Во Кавадарци се гласа на 59 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 32.217 лица со право на глас. Претседателот на Општинска изборна комисија, Зоран Костов потсети дека вчера гласаа 19 немоќни лица.
До 11 часот гласале 7,9% од вкупниот број запишани гласачи.
Во Неготино, како што информираше претседателката на Општинска изборна комисија, Нетка Веселинова, навреме се отворени 28 избирачки места, а своето право на глас можат да го остварат 15.894 избирачи. Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го искористија 16 стари и болни лица.
Во Неготино до 11 часот својата граѓанска должност ја исполниле 8,17% од запишаните избирачи.
Во Демир Капија се гласа на 11, а во Росоман на 10 избирачки места. Право на глас имаат 3.364 демиркапијци и 3.344 росоманци. Претседателите на општинските изборни комисии, Стојна Топчиева и Лазар Симоновиќ, потсетија дека вчера гласаа 23 немоќни лица од Демир Капија и 17 од Росоман.
Според информациите од ОИК, во Росоман до 11 часот гласале 5,23%, а во Демир Капија 9,34% од вкупниот број избирачи.
А.Д/С.Д

Додади коментар