(ФОТО-ВИДЕО) Пожарникарите 9 часа се борат со огнената стихија близу до Љубаш
23-03-2019 РЕГИОН

 

Неофицијално, околу 80 хектари сува трева и ниско стеблеста шума се опожарени од пламените  јазици што веќе 9 часа беснеат на месноста „Свереова падина“. Пожарникатите од кавадаречката противпожарна единица се на терен и интервенираат заедно со вработени од шумско стопанство „Бор“.

Спречено е ширење на огнот кон боровата шума на Љубаш, а со тоа е спречена и многу поголема катастрофа.

 

 

На местото на пожарот се присутни и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претставници на кавадаречката полиција.

 

 

„Веќе 9 часа интервенираме. Во утринските часови ќе ни се приклучат и вработени од ЈП Комуналец. Се работи за пожар од поголеми размери“ вели командирот на ТПЕ Кавадарци Александар Чадамов.

 


И овој пожар како и неколкуте во изинатиот период се причинети поради несовесен однос на дел од земјоделците кои ги палат стрништата и остатоците од кроењето на лозајата. Досега стотина пати надлежните апелираа да не се пали оган на отворено, а најмалку запалениот оган да се остава без контрола. После овој огромен пожар институциите ќе мора да превземаат ригорозни кзни кон приоманите.

 

A.Д

 

 



Share

Додади коментар