(ФОТО) Убавото време во прилог на комуналната изградба во Кавадарци
05-12-2017 РЕГИОН

 

Временскиот период без врнежи ја продолжи градежната сезона. Убавото време овозможи Општина Кавадарци да работи на неколку проекти од Програмата за комунална изградба во 2017година.

 

 

Вчера оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши асвалтирање на дел од ул. „Дисанска“ над градскиот стадион. Со овој зафат се подобрија условите за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

 

 

Вчера и денеска, ангажираните градежни фирми работат интензивно на подготовка на подлогата за наредните фази од изградбата и тоа на улицата „Крсте Мисирков“ каде „Градба промет“ поставува нови рабници откако претходно го изгреба стариот асвалт и подготовка за поставување нов.

 

На ул. „Народен фронт“ се работи на подготвување на подлогата од тротоарот. Наредната фаза ќе биде реализирана деновиве со поставување на павер елементи. Општината очекува со овој зафат да се овозможи непречено и побезбедно движење на пешаците.

 

Интензивно се работи и на два крака од ул. „Праведничка“ каде се поставува тампон, како вовед во следната фаза за асвалтирање. На овој потег се работи за продолжување на градежните работи во функција на подобрување на сообраќајното решение во овој југо-западен дел од градот.

 

 

Оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица, интензивно работи на поставување на павер елементи на неколку улици во селото Бегниште. Овој проект е значаен за жителите од ова село бидејќи пред почетокот на зимата ќе добијат неколку улици кои повеќе нема да им бидат проблем на бегништани, бидејќи ќе се покријат со бекатон коцки.

 

 

 

Во делот на комуналната изградба продолжува и доградбата на третата фаза од кејот шеталиште. Оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ е во поодмината фаза на изградбата на страниците, како и на делот од шеталиштето од двете страни на минорното корито на реката Луда Мара - информираат од прес службата на општина Кавадарци.



Share

Додади коментар