Реализирана уште една едукативна и превентивна акција во Кавадарци која се однесува на превенција од употреба на петардите, во организација на МВР, ООУ Страшо Пинџур од Кавадарци и Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво на храд Кавадарци.
Во текот на вчерашниот ден во училиштето Страшо Пинџур од страна на инспектор за превенција од МВР - ПС-ОН Кавадарци со учениците од 5-то одделение беше реализирана едукативна работилница за превенција од употреба на петарди, а на учениците им беше дадена задача да изготват новогодишни честитки во плико со пораки против употребата на петарди.
Ваквите пораки децата ги поделија денес на градскиот плоштад на случајни минувачи со оглед на тоа што беше пазарен ден и имаше голема раздвиженост на граѓаните.

Додади коментар