(ФОТО) Се санира патот од Ресава до заливот на Тиквешко Езеро
02-02-2021 РЕГИОН
Се врши санација на патот од с.Ресава до заливот на Тиквешко езеро со проширување и тампонирање - информираат од локалната самоуправа.
На оваа локација се наоѓаат околу 100 викендици кои сега ќе имаат побезбеден пристап. Овој проект е донација од општествено одговорната компанија Кожувчанка во вредност од 1 милион денари. На оваа локација во наредниот период Општина Кавадарци ќе постави и нова водоводна линија.
Додади коментар