(ФОТО) Расчистување на околината на споменикот на 12 сте младинци
04-04-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци спроведе акција за расчистување на околината на споменикот на 12 младинци кај Моклиште.
Во соработка со компанијата „Ја-Ми“ која донираше механизација, беа расчистени: пристапниот пат од спојот на регионалниот патен правец до споменикот, потоа обраснатиот простор на платото кај споменикот, како и пешачката патека која води од споменикот до одморалиштето кај воденицата.

 


Во акцијата, од обраснатите грмушки и наносите од земја беше расчистен и делот околу чешмата која се наоѓа на влезот.
Ова е само дел од активностите што ќе ги превземе општина Кавадарци во делот на уредувањето на најзначајниот споменик од историјата на НОБ во Ваташа и Кавадарци - информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 



Share

Додади коментар