(ФОТО) Прва реконструкција на противпожарната зграда во Кавадарци по изградбата во 1954 година
05-12-2017 РЕГИОН

 

Деновиве опреативата на фирмата „Промонтинг“ од Скопје, интензивно работи на целосно реновирање на зградата на Против пожарниот дом Кавадарци.

 

Се работи за проект со кој Локалната самоуправа преку пари од оперативниот буџет ќe ја реновира старата зграда на пожарната која е изградена во далечната 1954 година.

 

 

Tековното реновирање е прво од ваков вид, откако е изградена зградта. Тоа има за цел целосно да ги измени условите за престој и работа на Против пожарната единица.

 

Согласно проектот ќебидат реновирани 7 простории од кои три се наоѓаат на приземјето и 4 на првиот спрат со вкупна површина од 200м2.

 

 

 

Откако ќе завршат градежните работи ПП единицата на општина Кавадарци ќе добие многу попристојни и поадекватни услови за работа - се вели во известувањето од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.



Share

Додади коментар