(ФОТО) Полицијата им посака среќна и безбедна матура на матурантите
09-05-2018 РЕГИОН

 

Во пресрет на матурските вечери, денес полицијата во Кавадарци имаше едукативна средба со матурантите на која им посака среќни и безбедни матурски вечери, со укажување и во овие денови да се почитуваат сите законски прописи.

 

 

„Целта е превентивно да се влијае врз нивната свест, со цел да внимаваат и да не ризикуваат со непромислени постапки во овие за нив среќни моменти од животот. Минатото говори дека поради невнимателност се случени трагични настани токму за време на матурските забави“ рече самостојниот инспектор по превенција во кавадаречката полиција Димитар Каракулев.

 

Тој апелираше матурантите да се воздржат од управување моторни возила под дејство на алкохол и воопшто на матурските прослави да не претеруваат со конзумирање алкохол.

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар