(ФОТО) Отворено лизгалиштето во Кавадарци
18-12-2018 РЕГИОН

За прв пат во Кавадарци, од денеска е ставено во функција лизгалиште. Се наоѓа во комплексот на спортскиот центар „Јасмин“.

 

Овде учениците од основно и  средно ќе одржуваат настава по физичко со своите наставници. Ќе доаѓаат инструктори од Хокејарската федерација.

 

„Идеата е моја како градоначалник и на општина Кавцадарци. Во соработка со „Кожувчанка“ и „Црна река Петрол“.  Општина Кавадарци преку Сојузот на училишни спортови преку училипштата организира бесплатно лизгање во зимскиите месеци.  Учениците ќе имаат часови по лизгање. Ќе можат децата да се релаксираат. Еуфоријата денеска е на високо ниво. Задоволство ми е што Кавадарци доби лизгалиште и што можеме да се рамниме со поголемите градови“ рече градоначалникот Митко Јанчев.

 

 

Лизгалиштето освен за учениците ќе работи и комерцијално за сите кои после настава сакаат да се рекреираат. Ќе се изнајмуваат лизгалки, а билетот ќе чини 100 денари. 

 

„Ние имаме план да праќаме тренер секоја недела. Ова е еднен одличен проект кој ќе придонесе за хокејот во Македонија да дојде до сосема солидно ниво. Се планираат лизгалишта во Битола и Охрид“ изјави претставникот од Хокејарската федерација на Македонија.

 

Задоволство од отворањето на овој спортско рекреативен објект искажаа и наставниците по физичко и здравствено воспитување.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар