(ФОТО) Одбележан 11 октомври во Кавадарци
11-10-2016 РЕГИОН
Делегации од Сојузот на борци Кавадарци, од советот на општина Кавадарци, ОК на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Весна Пемова и делегација од ОО на СДСМ Кавадарци денеска положија цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад.
Со оваа активност Кавадарци им оддаде почит на загинатите борци за денешната слобода.
Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за победа над тиранијата на фашистичкиот окупатор. Токму затоа, овој голем празник, денот кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово и Македонија застана на страната на правдата е многу значаен за Македонија и македонскиот народ.
А.Д

Додади коментар