(ФОТО) Низа активности за почисто и поубаво Кавадарци
25-04-2018 РЕГИОН

КОСЕЊЕ НА ОБРАСНАТАТА ТРЕВА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

 

 

Во корелација со општината и комуналниот инспектор Јавното претпријатие „Комуналец“ со неговата оператива интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот.

 

Се коси запуштената трева на просторот кај зградите „Кочо Рацин“ и кај станбениот комплекс на улицата „Бел Камен“.

 

Целата на оваа акција е да се уредат зелените тревни површини согласно стандардите, а воедно и да се оневозможи постоење на простор со обрасната трева и вегетација која би била погодно место за престој на влекачи и глодари кои се потенцијална опасност за месното население кое гравитира околу овие зелени површини.

 

Косење беше извршено и на тревата на јужната и северната страна кај спортската сала кое го изведоа вработените во ЈП „Јасмин“.

 

 

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА МРЕЖАТА ОД СИСТЕМОТ ЗА ПОЛЕВАЊА ЗАД ЗГРАДИТЕ „ЛЕПОТИЦИ“

 

 

Водоинсталатерите и оперативата на ЈП „Комуналец“ започнаа со поставувањето на системот за полевања на зелените тревнати површини на просторот зад зградите „Лепотици“.

 

Овдека општината планира создавање на урбанизирана зелена површина согласно сите стандарди на урбано живеење каде граѓаните би имале убав простор за одмор и рекреација.

 

 

Вкупната мрежа со пластични црева, 5 разводни вентили и над 50 распрскувчи за вештачки дожд ќе биде поставена и распоредена на површина од близу 5 000м2.

 

Со овој зафат ќе се создадат услови за редовно и непречено одржување на зелените површини каде гравитра поголема популација која живее во околните згради и индивидуални станбени објекти.

 

 

ДОГРАДБА НА ПАРКИНГ ДО УЛИЦАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

 

 

 

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ започна со расчистување на теренот помеѓу зградите на булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Опце Николов“. Овде општина Кавадарци планира уредување на овој досега запуштен, узурпиран и деградиран простор.

 

Деновиве на овој простор ќе следуваат земјани работи со расчистување на теренот каде на постојниот паркинг ќе се интервенира со доградба на дополнителни 570м2 нов асвалтиран паркинг простор.

 

Потоа општината планира и хортикултурно уредување на постојните тревни површини.

 

Претходно општината од оваа локација ги отстрани диво поставените лимени гаражи кои го нарушуваа урбаниот простор и беа непријатна глетка за станарите и минувачите.

 



Share

Додади коментар