(ФОТО) Мерна станица за квалитет на воздухот поставена и во Ваташа
31-03-2018 РЕГИОН
Продолжува реализацијата на меморандумот за соработка што општина Кавадарци го потпиша со универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Денеска од прес службата на општина Кавадарци информираа дека во село Ваташа на терасата на домот на културата „ 12 скоевци“ е поставена втората мерна станица од Универзитетот "Гоце Делчев" Штип.
По потпишаниот меморандум за соработка беа најавени три мерни станици. Две се веќе монтирани, третата ќе се монтира во новиот центар во Кавадарци.

Додади коментар