Општина Кавадарци стартуваше со реализација на проектот „нов кружен тек“ на улицата „Блажо Алексов“ на спојот со Булевар „Видое Смилевски“ - информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Фирмата „Градба промет“ со својата оператива деновиве работи на подготовка на теренот каде требе да се изгради побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици, во кои се приклучува значаен дел од патниот сообраќај во градот, поточно влезот од правец на Неготино.
На сегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Проектот предвидува на овој потег вадење на стариот асвалт, спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а потоа два слоја на нов асвалт.
Со ова ново сообраќајно решение ќе се создададт услови за оптимална безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот.
Продолжуваат работите и на реконструкцијата на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.
Градежната оператива на фирма „Урбан инвест“од Кавадарци деновиве врши вадење на старите и поставување на нови ивичници на делницата од тротоарот кај „Ваташките згради“ во должина од 120 метри.
Со ова се подготвува теренот за поставување на павер елемнти како дел од проектот на општината за реконструкција на постојниот руиниран тротоар.
Во последнатафаза ќе следипоставување на метални столбчиња кои ќепостават граница меѓу коловозната лента и тротоарот, а ќе го спречати непрописното паркирање, како заштита за непречено одвивањена сообраќајот навозилата и пешаците.
Продолжија работите на изградбата на крак од улицата „Дисанска“ над градскиот стадион
Оперативата на неготинската фирма „Инвест груп“ денеска и вчера работеше на тампонирање, како и на поставување на ивичници низ целата должина на улицата.
Со ова практично се оформи подлогата на која деновиве ќе следи поставувањето на бекатон коцките на 110 метри должина и вкупна површина од 550м2.
Со овој зафат општината ќе им овозможи урбанизиран пристап на жителите од повеќето куќи од овој дел на населбата „Парк“.
Додади коментар