(ФОТО) Започна хортикултурно уредување на Кавадарци
02-02-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци во акција со ЈП „Комуналец“ започна со хортикултурно уредување на жардинерите во стогиот центар на Кавадарци.

Вработените од комунална хигиена и зеленило денеска работеа на расчистување на жардинерата пред поранешната „стоковна куќа“.

 

 

Во оваа акција со која ќе бидат опфатени зелените површини пред седумкатницата, кругот околлу јаворот и сите жардинери од БИД зоната по улицата „Илинденска“ ќе биде извршено темелно расчистување и обработка на земјата , информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев и додаваат дека потоа ќе следи нивно хортикултурно уредување со нови тревници, како и садење на нискостеблести растенија.

 

 

Општината со овој зафат ќе го подобри градското зеленило, ќе ги разубави жардинерите, со цел подигање на стандардите на живеење на граѓаните.



Share

Додади коментар