(ФОТО) Започна поставувањето на пречки за побезбеден сообраќај во Кавадарци
02-02-2018 РЕГИОН

 

Оптшина Кавадарци денеска започна со реализација на проектот Поставување на средства за смирување на сообраќајот. Станува збор за поставување на конусни пластични пречки на коловозните ленти од неколку градски улици. Тие имаат за цел да го спречат брзото и непрописно возење.

Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фрекфентни улици во близина на две основни училишта.

 

Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

Потоа оперативата на специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на Булеварот„Цветан Димов“ на влезотво ООУ „Гоце Делчев“и тоана двете коловозни ленти.

 

Овој комунален зафат на Општина Кавадарци ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоресцентни пластични сигнализатори под стриучно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин.

Овие сигнализатори ќе се постават на улиците: „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојотна „Илинденска“, како и на ул. „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“.

Општината очекува овие зафати во многу да ја подобрат безбедноста на сообраќајот низ фрекфентните градски улици.



Share

Додади коментар