(ФОТО) Втора фаза од реконструкцијата на училиштето во село Марена
12-03-2018 РЕГИОН

 

Согласно програмата за комунална изградба општина Кавадарци го реализира проектот за реконструкција на старата зграда на подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Марена.

 

Во тек се работите од втората фаза со која се опфатени поставување на термо изолациона фасада, како и целосна замена на дрвената столарија со енергетски ефикасни ПВЦ врати и прозорци.

 

 

Во училиштето во село Марена учат вкупно 35 ученици од прво до петто одделение поделени во 5 паралелки.

 

По завршувањето на градежните работи општината во многу ќе ги подобри условите за редовно и непречено одвивање на наставата и воспитно образовниот процес.

 

 

За оваа намена локалната самоуправа инвестира вкупно 1.085.000 денари, пари од оперативниот буџет.

 

Претходно општина Кавадарци во првата фаза од реновирањето во целост го обнови покривот, а беа изведени и работи на санација на училниците и ентериерото во дотраената и стара училишна зграда - се вели во соопштението од прес службата на општина Кавадарци.

 



Share

Додади коментар