(ФОТО) Бочва - симбол на Кавадарци
08-02-2017 РЕГИОН

Кавадарци го доби својот симбол кој ќе ги пречекува гостите во градот. На влезот во градот од кај Росоман или на новиот кружен тек кај ООУ „Гоце Делчев“ вчера беше поставена голема дрвена бочва. Од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа Кавадарци информираа дека оваа активност е дел од подготовките за празникот Свети Трифун и дека бочвата е донација од винарската визба „Тиквеш“.

 

„Бочвата е со капацитет од 9 илјади литри. Тоа на некој начин е симболот на Кавадарци и Тиквешијата. Бочвата е со тежина од 2 тона. Локацијата за нејзино поставување не е случајна. Таа е поставена на важна сообраќајница, на влезот во Кавадарци од Росоман. Од тука се патува кон Прилеп и кон Скопје“ велат од службата за односи со јавноста.

 

A.Д

 



Share

Додади коментар