(интегрален текст од прес конференцијата на кандидатот за пратеник на СДСМ, Даниела Колева)
Пред три години нашата држава беше во длабока изолација, заробена во режим, скарана со соседите, без никаква евроинтегративна перспектива.
Процесите на интеграција во ЕУ и НАТО беа на маргините, додека режимот правеше се за да ја држи земјата што подалеку од двата најмоќни светски сојузи.
За само три години, преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат.
На патот на евроинтеграциите.
Денес сме 30 земја членка на НАТО, а тоа претставува влезна карта и за ЕУ.
Подготвени сме. Знаеме и можеме до 2024 да ги отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Со тоа од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за нашата држава.
Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод.
Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ кое немаше став за ниту едно важно прашања. Кое бегаше и опструираше секогаш кога се носеа промени важни за иднината на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ работеше активно да не се случи приемот во НАТО и да не започнеме преговори со ЕУ. Кога станавме формално членка на НАТО не смогна сили ниту да го честита историоскиот успех на државата.
На 15 јули граѓаните ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО и нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на режимот.
Додади коментар