(ПИ 2020) Реакција на ОО СДСМ Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ мисли дека институциите и понатаму функционираат како во минатото
24-06-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од писмената реакција на ОО СДСМ Кавадарци во врска со обвинувањата изнесени на денешната прес конференција од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ  и кандидат за пратеник Зоран Јованчев)

 

 

Наместо со конкретна понуда за решавање на проблемите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кампањата ја почна со лажни обвинувања и манипулации.

Ако по утрото,  денот се познава, кампањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се сведе единствено на деструкција.

 

Наместо паушални обвинувања, доколку постои било каква злоупотреба, излезете, кажете ја  и за истата поднесете соодветна пријава.

Во десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ние имевме заробени институции, кои беа ставени целосно во функција на нивната политичка партија.

 

ВМРО-ДПМНЕ денес мисли дека институциите функционираат и понатаму на ист начин како во минатото.

За разлика од минатото денес имаме професионални институции ставени во функција на граѓаните.

Оваа разлика е очигледна и граѓаните ја препознаваат, а на 15-ти јули истата на изборите ќе ја потврдат.



Share

Додади коментар