(ПИ 2020) Колева: Нудиме нова македонска развојна економија, градиме држава за достоинствен живот
24-06-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од денешната прес конференција на кандидатот за пратеник на СДСМ Кавадарци, Даниела Колева)

Денеска СДСМ и Коалицијата Можеме ја започнува здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори.

За три години СДСМ и Владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата.

 

Направивме пресврт на подобро. Државата ја извадивме на прав пат.

Од економија во минус обезбедивме солиден и постојан економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност.

 

Од изолирана и заробена држава изградивме земја челнка на НАТО и земја преговарач со ЕУ.

Денес успешно се справуваме и со здравствените и економски ефекти на коронавирусот. Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакети економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачката и куповната моќ на граѓаните со ниски примања.

 

Сега е време за нови иницијативи на кои се обрзуваме, пред граѓаните, но и пред себеси.

 

Подготвивме понуда која обезбедува план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок. Подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.

 

Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здравство. Им помагаме на компаниите успешно да се справат со кризата и да ги зачуваат работниците.

 

Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните. Модел кој ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија.

 

Од другата страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од страна на Христијан Мицкоски. Партија без став за ниту едно важно прашање. Партија заглавена во режимската матрица од која ниту сака ниту може да излезе.

 

Тоа е партија, водена од неодговорен човек, кој е посветен само на деструкција и чиешто однесување претставува опасност за државата.

Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција, но и за време на кризата со коронавирусот.

Оваа разлика граѓаните ја препознаваат и на 15- ти јули граѓаните истата ќе ја потврдат.



Share

Додади коментар