(интегрален текст од денешната прес конференција на Даниела Колева, кандидат за пратеник на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ)
Нашата понуда, односно понудата на СДСМ носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати за граѓаните.
До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4% од БДП.
Креираме нови работни мести преку брза трансформација на македонската економија.
Странски инвестиции во износ од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.
За 4 години планираме, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.
Покрај ова обезбедуваме поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра, од кои 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат со почетокот на преговорите.
Продолжуваме и во понатамошниот период да ги штитиме работните места.
По завршувањето на кризата и до крајот на мандатот ќе продолжиме да ја намалуваме невработеноста за 3% годишно.
Нашата цел по крајот на кризата е едноцифрена стапка на невработеност.
Во изминатов период направивме многу.
Меѓутоа можеме уште повеќе и уште подобро.
Додади коментар