(ПИ 2020) Ивановски: Проектот обнова за Македонија ќе донесе повеќе пари за земјоделците во Кавадарци и враќање на нивното достоинство
30-06-2020 РЕГИОН
(интегрален текст од денешната прес конференција на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Слободан Ивановски) 
 
 
Проектот обнова за Македонија нуди над 1000 проекти кои што значат решавање на проблемите и потребите на граѓаните. 
Република Македонија не смее да продолжи да стагнира, граѓаните очекуваат обнова на Македонија.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува тоа и го остварува.
Проектот обнова за Македонија ќе донесе повеќе пари за земјоделците во Кавадарци и конечно враќање на нивното достоинство. Токму затоа се обврзуваме на воведување на новиот концепт кој ќе обезбеди олеснување на пристапот на земјоделците до буџетските поддршки, како и посериозни инвестиции во земјоделието. 
 
 
Буџетските поддршки ќе изнесуваат по 160 милиони евра годишно. Во овие поддршки ќе се зголеми делот за инвестирање во земјоделството, односно ќе се зголемува процентот за рурален развој, во однос 100 милиони евра за директни плаќања и 60 милиони за рурален развој. 
Покрај овие средства ние ќе ги зајакнеме капацитетите за користење на претпристапните фондови на ЕУ – ИПАРД како дополнителни средства за инвестиции и рурален развој.
 
 
 
Високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор.
За прв пат ќе донесеме регулатива за управување со пазарот, што ќе овозможи активирање на мерки и инструменти за превентивно делување при состојби на нарушување на пазарот. 
 
 
Значителни мерки ќе бидат насочени кон поддршка на програмите за справување со климатските промени и мерки за ублажување на штети од временски непогоди.
 
 
Понатаму, мерките за директни плаќања или субвенции за земјоделците ќе им помогнат на земјоделците да обезбедат стабилно ниво на доход. Мерките дадоа значителен придонес кон стабилизирање на доходот на земјоделците. Висината на директните плаќања по единица производ беше помеѓу 4% и 36% од висината на откупната цена, а во приходот на земјоделците учествуваа помеѓу 7% - 65%. Исто така, со овие мерки ВМРО-ДПМНЕ овозможи бројот на корисници на мерките на финансиска поддршка да биде многукратно зголемен од 13.000 корисници до 2006 година на околу 100.000 корисници.
 
 
 
Во новиот концепт една од значајните промени ќе биде да се олесни начинот и да се забрза пристапот до субвенциите за земјоделците преку воведување на повеќе мерки и инструменти. За субвенции ќе бидат определени 100 милиони евра секоја година.
 
Почитувани, 
ВМРО-ДПМНЕ  е партија која произлегува од народот и особено го цени и почитува трудот и маката на земјоделецот. За нас маката на земјоделците е и нашата мака. Токму затоа се обврзуваме да го вратиме изгубеното достоинство на земјоделците.  
За да се подобри конкурентноста на земјоделските производители на пазарот, и да се подобри пласманот на земјоделските производи, значајни средства ќе бидат наменети за инвестиции со кои земјоделците ќе додадат вредност на примарните производи. Токму затоа ќе бидат поддржани инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за калибрирање и пакување на производите, мали винарски визби, мини млекарници (сирењари) и мандри и мини погони за преработка на месо.
 
 
Ќе бидат поддржани проекти за изградба на нови капацитети, или реконструкција на постоечки со набавка на современа опрема и тоа изградба и опремување на капацитети за разладување, пакување и чување на земјоделски производи; изградба, опремување на нови или реконструкција на постоечки капацитети за замрзнување на овошје и зеленчук, изградба и опремување на нови или реконструкција на постоечки капацитети за сушење на овошје и зеленчук, изградба и опремување на дестилерии за овошни ракии, а за ова рокот е до 2021 година каде што ќе бидат обезбедени 300 милиони денари.
 
 
Но, не само во земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата кај сите граѓани. Ќе обезбедиме повисоки плати, нови работни места, повисоки пензии за пензионерите, намалување на данокот на 8 проценти, вработување  на млади, ослободување од партиципација на студенти од семејства со лични примања пониски од просекот во Македонија и на докажани талентирани или најдобри студенти за студирање во Македонија и нивна поддршка за студии во странство, ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000
 
евра, во денарска противвредност, месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади, како и загарантирана работа на 500 најдобри студенти во државните универзитети.
 
 
Ова сето ќе можеме да го реализираме само со голема поддршка и масовна излезност на 15 јули, да избереме обнова за Македонија и да ставиме крај на тригодишното владеење на криминалот и корупцијата на СДСМ и Зоран Заев.
 
Затоа ве повикувам сите на 15 јули да излеземе масовно, храбро, гордо, достоинствено исправено  и да гласаме за Обновата на Македонија, да заокружиме за број 14 и да ги донесеме промените во Македонија.
 
 
Исправи се
Македонијо! Одбери обнова
Заокружи број 14


Share

Додади коментар