(интегрален текс од прес конференцијата на кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Слободан Ивановски)
Почитувани граѓани во изминативе 3 години видовме што значи неодговорна Влада и Влада која не е ориентирана спрема реалните потреби на граѓаните, ниту Влада која е способна да ги реши проблемите на граѓаните.Видовме како се распродаваат националните интереси и како се тргува со волјата на граѓаните . Единствени полиња каде што беспрекорно функционираше оваа Влада беа криминалот и рекетирањето . Државата на чело со СДСМ и Зоран Заев ниту е во сигурни раце ниту има светла иднина...
Аферите ни станаа секојдневие, за жал неуспешно се справија со пандемијата на вирусот Ковид 19 и неуспеаа да танцуваат со вирусот као што не убедуваа. Секојдневно имаме троцифрени бројки на заразени и за жал двоцифрени бројки на починати лица од Ковид 19. Впрочем за ширењето на овој вирус ги обвинуваат сите само не Министерот за Здравство Венко Филипче. Практикуваат политика во која се зголемуваат апатијата и поделбите. Не нудат визија , туку нудат потпросечност, кризи и измами. Зборот е збор стана една гола фраза во која веќе никој не верува, бидејќи ниту стојат до дадениот збор ниту ја почитуваат волјата на граѓаните.
Тоа е нивната определба, ама од тоа нивно поведение страда Македонија. ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја промовираше својата изборна програма во која нуди решенија за граѓаните. Се обврзува пред граѓаните за ОБНОВА на Македонија. Обновата е нешто кое го барате и чекате долго време, а таа значи да имате контрола на својот живот но и контрола врз заедничките судбини. Обновата е обнова на духот, обнова на институциите, обнова на вредностите и обнова на идеалите. Затоа на овие избори граѓаните избираат помеѓу : демагогија или резултати, рекет или чесност, неправда или правда, измами или обнова, концесии или принципи.
Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се : Повисоки плати за 25%, или за 6.500 денари повеќе од сега, повисоки пензии за 20%за време на целиот мандат , 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за период од 4 години, целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта и 150 километри експресни патишта низ целата држава. Ова се само дел од проектите и мерките кои се предвидени во програмата Обнова за Македонија, со која се обврзуваме пред граѓаните.
Граѓаните на 15 јули ќе одлучат за обнова на Македонија, за реална програма со реални проекти кои ги опфаќаат сите граѓани.
Кавадарци ќе биде носител на таа убедлива победа
Додади коментар