Кандидатките за пратеници на Коалицијата „Можеме“ од Општина Неготино, Лолита Ристова и Љупка Стојанова секојдневно одржуваат активности и средби со граѓаните со цел промоција и запознавање со изборната програма и мерките кои Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз ги остварува во следниот мандат - информираат од ОО на СДСМ Неготино.
Изборната кампања ја водат според однапред утврдени протоколи со цел заштита на здравјето на граѓаните, физичко дистанцирање и задолжително носење на маска.
До сега реализирани се неколку посети на градскот пазар во Неготино, каде што кандидатките поделија изборен материјал од Коалицијата „Можеме“, ги промовираат мерките, а разговараат и за теми и проблеми од локално значење.
На 3ти Јули одржана е Младинска трибина во СРЦ Младот во Неготино, каде што кон младите, имаше обраќање лидерот на партијата и носителот во ИЕ4, Зоран Заев. Истиот ден се одржа и средба со целна група земјоделци.
Направивени се посети во населените места Војшанци, Пепелиште и Криволак, каде што со жителите се разговараше за досега сработеното, но и за потребната инфраструктура бидејќи во следниот мандат целиме кон развивање на селата подеднакво како и градовите. На мерките за земјоделието ставаме најголем акцент, бидејќи земјоделецот заслужува и мора да има достоинствен живот.
Кандидатките Лолита Ристова и Љупка Стојанова заедно со Општинската организација на СДСМ од Неготино до крајот на изборната кампања ќе ги посетат сите населени места, ќе остварат средби во Неготино, бидејќи е најважно проектите од програмата ,,МОЖЕМЕ“ да допрат до секој, затоа што ги опфаќа сите подеднакво.
Програмата на Коалицијата „Можеме„“ има реални, издржани мерки со кои обезбедуваме сигурна иднина за сите - стои во соопштението од ОО на СДСМ Неготино.
Додади коментар