(ВИДЕО Еден месец од ковид одделот во кавадаречката болница: Излекувани 35 пациенти
16-11-2020 РЕГИОН

Денеска се навршува еден месец од почетокот со работа на ковид одделот во општата болница со проширена дејност во Кавадарци.

 

  Вкупно хоспитализирани  се 102 пациенти, од  нив со тешка клиничка слика транспортирани на инфективна клиника во Скопје се 18 пациенти,  починати се 16 лица со сериозни коморбидитети, а оздравени се 35 пациенти - информираше директорот на болницата д-р Диме Коцев.

 

Од денеска во кругот на болницата пред инфективната амбуланта е поставен шатор со затоплување. Како што велат од болницата, целта е да се обезбедат подобри услови за пациентите кои чекаат за преглед во инфективната амбуланта.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар