Со цел да се воспостави повисоко ниво на комуникација помеѓу граѓанскиот сектор, општинската администрација, именуваните и избраните лица, а во насока на постигање на повисок степен на отвореност на локалните институции кон заедницата и зголемено учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки денеска во Кавадарци се споделуваа рецепти за локална демократија.
На работилницата организирана од здружението „Чекор кон Европа“присуствуваше и амбасадорот на Франција во Македонија Христијан Тимоние и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
И двајцата посочија дека учеството на граѓанскиот сектор во развојот на локалната демократија е од особено значење.
„ Долго време сме експериментирале со демократијата. Имаме жива демократија. Мислам дека можете да научите многу од нашите грешки отколку од нашите успеси. Мора да преовладува разумот да може заеднички да се работи и противникот да не се смета за предавник. Навистина да сфатиме дека мојот глас може би навистина тежи кај другата страна, но и обратно и дека нема предавници туку има сограѓани“ рече Тимоние.
Тој одговарајќи на нашето прашање колкав е степенот на демократија во земјава посочи дека сеуште се трага по неа.
Градоначалникот на Кавадарци рече дека општината, но и државата имаат рецепт за демократија, но е потребно повеќе да се практикуваат демократските принципи.
„ Рецептот го имаме само треба да го практикуваме. Тоа значи да се не се мешае во сите работи секој да си ја гледа својата работа. Ако го поврземе тоа со кујна тоа значи дека потребно да се знае кој каков зачин става за да не се повторат’ рече Јанчев.
Работилницата беше организирана во рамки на проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија.
А.Д

Додади коментар