Со инвестиција од 15 милиони евра од денеска кавадаречкиот комбинат Еуро никел индустри ќе го зголемува своето производство. Од безбадежен случај по долгиот стечај, комбинатот повторно застана на нозе. Во компанијата денеска се одржа свеченост на која беа презентирани новите вложувања.
„Пред една година заврши стечајната постапка за Фени индустри како најуспешна стечајна постпак во историјата на нашата држава. Оваа постапка заврши по учебник. Еуроникел индустри денеска е повторно една од најуспешните приказни во нашата земја и го задржа приматот што го имаше долги години наназад како најголем извозник на феро никел на ферониел од Северна Македонија и двигател на македоснката економија. Се надминаа сите кризи и затекнати проблеми, вработените се задоволни и среќни просечната плата е повеќе од 550 евра.“ рече Заев и нагласи дека во моментот во фабриката има 1000 вработени, а компанијата соработува со 1000 локални компании.
Премиерот порача внимателно да се работи, бидејќи поради несовесно менаџирање во минатото комбинатот дојде во стечај.
„Благодарение на работниците, пред се, можеме да кажеме дека идната година се проектирани планови од 20 илјади тони, по цените проектирани согласно берзата, значат меѓу 300 и 320 милиони евра извоз на ферониекл од нашата земја низ целиот свет. Тоа значи учество во брутодомашниот производ планирано за следната година од 2,7%. Ова се сериозни бројки.Треба сите да знаат колку е значаен овој комбинат за тиквешијата но и во вкупната економија во државата“ рече премиерот.
Од безнадежен случај, кој претставувал опасност за сериозна економска криза во земјава денеска Еуроникел е повторно значаен субјект за економијата – посочи вицепремиерот Кочо Ангуѓев.
„ Овој комбинат во моментот произведува 5% од извозот во нашата држава, учествува во бруто домашниот производ на државата, а со новата ивестиција од 15 милиони евра во втора печка ќе учествува уште повеќе во бруто домашниот пороизвод, извозот а ќе помогне и на државата во поодобрување на економските поараметри“ рече Анѓушев.
За работењето во изминатата година, низ бројки говореше директорот Герасим Кујунџиев. Се осврна на постигнатите рекорди на фабриката од 1500 тони месечно поризводство на феро никел„За помалку една година успеавме да ја ремонтираме и првата печка, при шпто имплементриавме нови и подобрени техники и решенија, а со пуштањето на втората печка го завршивме инвестицискиот план за 2019 година“ рече Кујунџиев и додаде дека за следната година планираат производство од над 20 илјади тони никел, наменети за извоз.
Ангел Данов

Додади коментар