(ВИДЕО) Ќе се реконструира зградата на противпожарната единица во Кавадарци
04-09-2017 РЕГИОН

 

Локалната самоуправа Кавадарци набави нови хидраулични ножици за против пожарната единица кои се неопходни за брзи интервенции при сообраќајни незгоди. За оваа набавка општината потрошила околу 7,5 илјади евра.

 

Со цел подобрување на условите за работа на пожарникарите градоначалникот Александар Панов, кој беше во посета на противпожарната единица најави целосна реконструкција на противпожарната зграда.

 

 Командирот на ТППЕ, Илчо Богевски рече дека новите ножици се од голема потреба за пожарникарите кои интервенираат при сообраќајни незгоди. Со нив се врши отворање на оштетените возила при сообраќајните незгоди и можност повредените да добијат побрза лекарска помош. 

 

А.Д

 



Share

Додади коментар