(ВИДЕО) Ќе се доградува градинката во Градско
15-05-2018 РЕГИОН

Започнаа градежните активности околу доградбата на детската градинка во општина Градско. Станува збор за објект „Кокичиња“ кој во Градско работи како клон на детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес.

 

 

Капацитетот на постоечкиот објект се зголемува со нови 150 метри квадратни од кои ќе се добие нова спална соба, проширена трепезарија и канцеларија за вработените.Овој објект општината го доградува во партнерство со министерството за труд и социјална политика, а претставува не само исполнување на барањата на жителите од Градско, туку и можност во иднина општината да покрене иницијатива за сопствена градинка, најави  градоначалникот Роберт Бешовски.

 

 

 

Интересот кај граѓаните за згрижување на дечиња во детската градинка во Градско расте секој ден. Оваа доградба ќе биде од големо значење не само околу потребите на граѓаните, туку и во подобрувањето на услугите и квалитетот во градинката, смета Бешовски. Инаку нова градинка во Градско беше и дел од неговото предизборно ветување кон граѓаните.



Share

Додади коментар